Најава за корисници

Ја заборавивте лозинката?

Истражување на задоволството на вработените

На сигурен, брз и едноставен начин дознајте го степенот на

задоволство и ангажираност

на вашите вработени и најважните

фактори за мотивација

16 години искуство во спроведување анкети

доверба од 450 компании

верификувано од 47.000 испитаници

"

Повеќе...

Вработените избираат

Порталот Vrabotuvanje.com започна да спроведува истражување за задоволството на вработените со доделување на награда 'Најдобар работодавач'.​ Учесници во истражувањето се компании кои доброволно се пријавуваат за учество, а оценувањето на задоволството го прават вработените на истите тие компании. 

 

Целта на истражувањето е да им помогне на компаниите да пронајдат одговор на прашањата кои придонесуваат за подобрување на управувањето со човечките ресурси и вкупното задволство на вработените.

 

Компанијата која ќе се одлучи да учествува во истражувањето ќе ги добие следните информации:
 

ОСНОВЕН ИЗВЕШТАЈ

 

• вклучува обработка на 78 прашања/тврдења базирани на квантитативна метода и оценка за секоја одделна категорија на задоволството на вработените (9 категории), вклучувајќи приказ на степент на АНГАЖИРАНОСТ на вработените, како и вкупна оценка на задоволството

 

 

ГОДИНА ПО ГОДИНА

 

 извештај кој прикажува историски преглед за сите години во кои компанијата учествувала во истражувањето и тоа според критериумите: сектор, локација, пол, возраст, образование, работен стаж итн.

 

 

КОМПАРАТИВЕН БЕНЧМАРК

 

• по завршување на сите истражувања во тековната година, извештај со споредливи податоци: со најдобрите во својата категорија, со сите компании кои учествувале во истражувањето, со компаниите од иста дејност и поддејност (доколку има минимум три компании)
 


 

 

 

 

Повеќе...

Како да го спроведете истражувањето?

Компанијата доброволно се пријавува за учество во истражувањето. Истражувањето се спроведува во текот на целата година, т.е. во временски период кој најдобро и одговара на компанијата.

Повеќе...

ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

 

Секоја компанија може да има само еден администратор кој по потреба спроведува истражување за задоволство на вработените и по неговото завршување генерира извештаи: основен,  година по година, компаративен, по сектори, филијали итн.

 

Пред почетокот на истражувањето, администраторот на компанијата треба да внесе податоци за:​

 

1. структура на вработени (број на жени и мажи и стручна спрема)

 

2. префериран начин за спроведување на истражувањето:

 

  • - прашалник во онлајн форма

​​Администраторот може да одбере единствен код за сите вработени или по еден код за секој вработен преку кој се пристапува до онлајн прашалникот

 

  • - прашалник во хартиена форма

​​Хартиените прашалници му се доставуваат на администраторот на компанијата, заедно со гласачка кутија и упатство за спроведување на истражувањето. По завршувањето на истражувањето, администраторот ја доставува гласачката кутија назад до организаторот кој по рачен пат ги внесува прашалниците во системот.

 

  • - комбинирано - дел од вработените го пополнуваат анкетниот прашалник онлајн, а друг дел од нив преку хартиени прашалници

 

3. одбира префериран термин за спроведување на истражувањето:

  •  - максимум 15 денови за онлајн истражување
  •  - 21 ден за истражување прекухартиени прашалници или комбинирано

​​

4. внесува и дополнителни прашања (тип на прашања - текстуални, checkbox и радио копче; за оние компании кои сакаат да го прошират прашалникот со специфични прашања).

 

По завршување на внесувањето на потребните информации, податоците се заклучуваат и се предмет на проверка по што веќе не е возможно да се менуваат. 

 

 

 

Повеќе...

Прашалник

78 тврдења со можност за дополнителни прашања

Анкетниот прашалник е достапен на сите уреди

Потребни се само 10 минути за пополнување

Повеќе...

Прашалник

 

Анкетниот прашалник за истражување на задоволството на вработените содржи воведен дел во кој е појаснет начинот на спроведување на истражувањето, прашањата  кои се однесуваат на утврдување на структурата на примерокот (возраст, пол, вкупен работен стаж, работен стаж кај тековниот работодавач, стручна спрема, позиција) и 78-те тврдења кои се поделени во 9 категории:

 

 

 

Степен на предизвик на работните задачи

СУПЕРИОРНА ПОДДРШКА

Организација на работата

Услови за работа

​Личен раст и развој

​Вклученост во донесување на одлуки

Посветеност на работата

​Меѓучовечки односи

Комуникација во компанијата

 

 

 

Резултатите остварени во рамките на четирите категории (личен раст и развој, вклученост во донесување на одлуки, меѓучовечки односи и комуникација во компанијата) дополнително се анализираат и се вреднуваат во рамки на посебни целини АНГАЖИРАНОСТ на вработените. 

 

Секој анкетен прашалник има еднаков број случајно подредени тврдења

 

По потреба, компаниите можат да постават дополнителни прашања кои во прашалникот се наоѓаат веднаш после тврдењата. 

 

Заради сигурноста на прибирање на податоците, секој хартиен анкетен прашалник има и свој контролен број.

 

 

Повеќе...

ЦЕНА

Услугата истражување на задоволството на вработените опфаќа:

  • - спроведување на истражувањето преку online прашалници, печатени прашалници или комбинирано
  • - можност за додавање на неограничен број дополнителни прашања
  • - опција за филтрирање на основниот извештај според демографски податоци и дополнителни прашања
  • - основен извештај
  • - дополнителен извештај
  • - компаративен извештај.

Во пресметаната цена не е вклучен ДДВ

Попустот според бројот на вработени е пресметан во цената според следните критериуми:

  • - 20% за компании со повеќе од 500 вработени
  • - 30% за компании со повеќе од 1000 вработени.

По завршување на истражувањето го одобруваме следниот попуст:

  • - 10% попуст за пополнетост над 75%
  • - 10% попуст за компании кои спровеле истражување во претходната година
  • - За клиенти кои имаат склучено договор со Вработување ОНЛИНЕ се одобрува попуст по договор.
Повеќе...

Извештаи и цени

Преку корисничкиот интерфејс компанијата може да го следи текот на истражувањето, процентот на пополнети прашалници и да ги преземе извештаите за задоволството на вработените

Основен

Приказ на резултатите на компанијата по сите тврдења со можност за филтрирање според посакуваните критериуми

Компаративен

Извештај за историски преглед што ги покажува резултатите од сите години на учество на компанијата

Бенчмарк

Приказ на резултатите на компанијата во однос на сите компании, топ 3, според основна и специфична дејност

basic additional comparative
Повеќе...

Пулс

Брзи прашалници кои на едноставен начин помагаат да се открие моменталното задоволство на вработените во рамките на организацијата или одделниот сектор.

 

 

Повеќе...

КРАТКА ПУЛС АНКЕТА

 

Врз основа на резултатите од претходно спроведеното Истражување за задоволството на вработените, компанијата може да спроведе ПУЛС – кратка анкета која го мери задоволството на вработените преку специфични категории во одделните сектори или во рамките на компанијата како целина.

Компанијата може да вклучи до 13 прашања од претходно спроведеното истражување и да го измери ефектот од спроведениот акционен план за подобрување на задоволството на вработените

 

ЦЕНИ

Цената за спроведување на истражувањето зависи од бројот на пополнети прашалници и варира во зависност од типот на истражувањето:

  • 1 МКД+ДДВ / 1 пополнет онлајн прашалник
  • 1 HRK+PDV / 1 пополнет хартиен прашалник

        

Попуст на цената на прашалникот според бројот на пополнети прашалници:

  • 15% попуст на 101-200 пополнети прашалници
  • 30% попуст на 201-400 пополнети прашалници
  • 40% попуст на 401-800 пополнети прашалници
  • 50% попуст над 800 пополнети прашалници
Повеќе...

Награда Најдобар работодавач

Секоја компанија што учествува во истражувањето за задоволството на вработените влегува во изборот за наградата

Повеќе...

Услови 

 

Компанијата која учествува во истражувањето за задоволство на вработените и сака да влезе во изборот за наградата 'Најдобар работодавач',  мора да ги исполни следните услови:

​компанијата мора да има 20 или повеќе вработени

• придржување кон шемата за вработени според минималниот број на вработени кои учествуваат во истражувањето:

• 20-50 вработени - мин. пополнетост 85%

• 51-100 вработени - мин. пополнетост 80%

• 101-200 вработени - мин. пополнетост 65%

• над 200 вработени - мин. пополненост 51%

• примерокот на вработени кој учествува во истражувањето треба да биде во согласност со структурата на вработените во компанијата (прашалниците мора да бидат рамномерно распоредени и пополнети во сите сектори на компанијата)

истражувањето за задоволството на вработените мора да биде завршено заклучно со 30.11.2023.

 

 

 

 

Наградување и победници

Компаниите кои ќе остварат најдобри оценки за задоволство од страна на нивните вработените ќе освојат 1.,2. или 3. место.

Компаниите кои нема да освојат награда нема да бидат објавени на листата.

По исклучок, во случај на помал број регистрирани компании, компанијата може да добие Сертификат за извонредност доколку има оценка повисока од 3,5.
Сертификатот се доделува на компанијата во печатена форма, а исто така е прикажан со посебен беџ на веб-страницата Vrabotuvanje.com.

Покажете им се на барателите на работа не само како добар, туку и како одличен работодавец!

Повеќе...

Pulser.mk користи колачиња за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прелистувањето на страницата, се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за употребата на колачињата можете да прочитате овде