„Истражување за задоволството на вработените“ е софтвер (Software as a service или скратено: SaaS) кој се наоѓа на веб-адресата https://pulser.mk/, а е во сопственост на Алма Кариер Северна Македонија ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст: Алма Кариер): со ЕМБС: 7230788, од Скопје, со седиште на ул. Васил Ѓоргов бр.24-1/5, застапувана од Дарко Велков, како Генерален Менаџер.
Целта е да им се овозможи на компаниите (во натамошниот текст: Учесник) да користат софтвер за да го проценат задоволството на вработените и во исто време да ја сензибилизираат јавноста за важноста на функцијата на човечки ресурси во компаниите. Преку спроведување на ова истражување се утврдува и кои се најдобрите субјекти за работа во Република С. Македонија според искуствата и перцепцијата на вработените во овие деловни субјекти.
Годишна награда „Најдобар работодавач“
Во истражувањето може да учествуваат деловни субјекти од сите големини, во однос на бројот на вработени, но само деловните субјекти со над 20 вработени кои до 30 ноември во тековната година ќе спроведат истражување на сите вработени во деловниот субјект можат да се најдат на листата потенцијални добитници на Наградата „Најдобар работодавач“. Истражувањата спроведени по 30.11. во тековната година се сметаат за кандидати за наградата за наредната година. Учесниците не се обврзани да аплицираат за наградатата. Учесниците имаат можност да спроведат повеќе истражувања во текот на годината, а во конкуренција за наградата ќе биде земено првото истражување спроведено во тековната година, односно она спроведено по 30.11. претходната година.
Компаниите кои ќе остварат
најдобри оценки за задоволство од страна на нивните вработени по завршувањето
на циклусот на истражувања, на крајот на годината, ќе освојат Награда за Најдобар работодавач (прво, второ или трето место), доделена од Vrabotuvanje.com.mk (Алма Кариер Северна Македонија ДООЕЛ). Името и логото на учесникот не се
објавуваат доколку Учесникот не е меѓу тројцата (3) најдобри учесници.
Приватност
Учесникот доброволно учествува во истражувањето. Учесникот во истражувањето, со цел да овозможи извршување на услугите за време на истражувачкиот процес, ќе му достави на Алма Кариер конкретни информации во врска со Учесникот, кои не се јавни, т.е. се доверливи.
Алма Кариер, исто така, со цел да го олесни извршувањето на услугите за време на истражувачкиот процес, ќе обезбеди одредени материјали и информации во врска со Алма Кариер, кои не се јавни, односно се доверливи и/или приватни по природа.
По поимот „Доверливи информации“ се сметаат податоци, усни и/или писмени (зачувани на кој било медиум), кои во моментот на обезбедување на информациите биле дефинирани како такви од страната што ги дава информациите и се наменети исклучиво за спроведување на истражувачкиот процес. Обврската за чување доверливи информации од овој член не се применува во случаи кога барањата за нивно обезбедување произлегуваат од важечките прописи на Република С. Македонија или доаѓаат од овластени тела.
Алма Кариер го задржува правото да користи доверливи информации за потребите на групната анализа на податоци врз основа на кои ќе ги објави најдобро пласираните Учесници.
Во однос на
доверливите информации доставени до Алма Кариер, Алма Кариер се обврзува да го
ограничи пристапот до доверливи информации само на лица чии службени должности
вклучуваат собирање и анализа на такви информации за горенаведената цел, без
разлика дали лицата се вработени во Алма Кариер или надворешни соработници на
кои Алма Кариер може, доколку е потребно, да довери дел од работата.
Обврски на
учесникот
Учесникот се обврзува:
1. да обезбеди
релевантен примерок со оглед на големината на компанијата и секторите во
компанијата според условите наведени на веб-страницата https://pulser.mk/ во случај кога компанијата сака да
учествува на конкурсот за наградата „Најдобар работодавач“;
2. да ги чува добиениот
анкетен прашалник и доверливите информации во компанијата (нема да дава
доверливи информации на други правни лица);
3. да обезбеди
еднаква можност за учество за сите вработени;
4. да ги
информира вработените за која цел ќе се користат нивните службени e-mail адреси, во случај кога спроведуваат
Истражување преку онлајн анкетни прашалници;
5. да ги дистрибуира
инструкциите и анкетните прашалници за вработените кои ќе учествуваат во истражувањето,
кои ќе бидат обезбедени и доставени од Алма Кариер, во случај на спроведување
на истражувањето преку печатени анкетни прашалници;
6. да внесе
информации за вработените на ниво на групата која учествува во истражувањето:
професионална квалификација, број на вработени и нивни e-mail адреси; под број
на вработени се подразбира бројот на вработени во моментот на започнување на
истражувањето за задоволството на вработените, без оглед на какви било
последователни промени;
7. внесувањето
дополнителни прашања (надвор од опсегот на стандардните прашања во анкетниот
прашалник) е опционално, а Учесникот е целосно одговорен за внесувањето и
точноста на дополнителните прашања;
8. да ја подмири фактурата
за спроведување на истражувањето во законскиот рок.
Учесникот се обврзува да размисли и, доколку е
можно, да ги прифати следните совети од Алма Кариер:
1. Алма Кариер
советува вработените кои биле вработени помалку од три месеци во текот на спроведување
на истражувањето, без разлика на видот на вработување, да не учествуваат во
анкетата.
2. Алма Кариер
советува вработените кои се на боледување или породилно отсуство повеќе од три
месеци во текот на периодот на истражување да не учествуваат во
истражувањето.
Обврски на Алма
Кариер
Алма Кариер се обврзува:
1. да го спроведе
истражувањето во време договорено со Учесникот;
2. да достави
инструкции до сите вработени, доколку Учесникот обезбеди валидни е-mail адреси од вработените;
3. да ги прикаже резултатите
од истражувањето на https://pulser.mk/ по завршувањето на периодот на истражување;
4. да ја објави
листата на најдобро пласирани Учесници на https://pulser.mk / по завршувањето на истражувањето
спроведено на сите Учесници во тековната година;
5. да им даде на
учесниците компаративни резултати од истражувањето (групна споредба со другите
учесници) по завршувањето на истражувањето спроведено на сите учесници во
тековната година;
6. по завршување
на истражувањето, односно по извршената услуга, Алма Кариер ќе издаде фактура.
Услугата за истражување на задоволството на вработените вклучува:
- спроведување на
истражувањето преку онлајн прашалници, печатени прашалници или комбинирани
- можност за
додавање на неограничен број дополнителни прашања
- опција за
филтрирање на основниот извештај според демографски податоци и дополнителни
прашања
- основен
извештај
- дополнителен
извештај
- компаративен
извештај.
Цената за
спроведување на истражувањето за задоволството на вработените се базира на
вкупниот број на вработени во тој Учесник. Цената е прикажана со пресметка на
официјалната веб-страница: Калкулатор | Пулсер;
7. можноста за
добивање дополнителни попусти за Учесникот може да се најде на страната:
Калкулатор | Пулсер и наведените попусти ќе се применат при креирањето на
фактурата доколку Учесникот истите ги исполнува;
8. Една година по
спроведеното истражување, Алма Кариер трајно ќе ги избрише e-mail адресите на
вработените внесени во системот од страна на Учесникот, кои биле користени
исклучиво за информирање за истражувањето и примање известувања и потсетници во
онлајн начинот на спроведување на истражувањето.
Неправилности
Во случај Алма Кариер да утврди неправилности во процесот на спроведување на истражувањето, Алма Кариер ќе го извести Учесникот за истото писмено, а резултатите од истражувањето нема да бидат земени предвид при процесот на определување на најдобро пласираните Учесници.
Доколку поради некоја причина Учесникот сака да го повтори истражувањето, а во исто време сака да учествува на конкурсот за наградата „Најдобар работодавач“, тоа е можно само еднаш, само на барање на Учесникот и писмено објаснување. Алма Кариер ќе испрати нова фактура за повторување на истражувањето.
Алма Кариер има право да отстрани одредени пополнети прашалници на Учесникот од истражувањето доколку во нив утврди неправилности.
Покрај овие Услови за користење, македонското материјално право се применува на сите правни односи што произлегуваат помеѓу Алма Кариер и Учесниците, со исклучок на одредбите кои се однесуваат на решавање на судири на законите.
Алма Кариер и
Учесникот ќе се обидат да ги решат сите потенцијални спорови по мирен пат, а во
случај на правна постапка, единствена надлежност има судот во Скопје.
Алма Кариер
Северна Македонија ДООЕЛ Скопје (дел од Alma Career Oy Финска) - ЕМБС: 7230788 - ул. Васил Ѓоргов
бр.24-1/5, Генерален Менаџер - Дарко Велков.