Почувствувајте го PULS-от на вашите вработени
Следете ги промените во реално време преку брзи PULS анкети кои на едноставен начин го откриваат моменталното задоволство на вработените преку 15 избрани прашања.Повеќе за PULS анкетите Puls анкетата ќе ви помогне едноставно и брзо да го дознаете моменталното задоволство на вработените на одредени теми. Една анкета може да има до 13 прашања, кои може да се изберат од прашалникот од претходно спроведено Pulser истражување или да креирате свои прашања.
Кратката анкета е одлична алатка за да се провери успешноста на спроведувањето на акцискиот план, да се испитаат промените во рамките на одреден сектор или теми кои одеднаш се појавиле. Специфичноста на PULS анкетите е во тоа штоможат да се спроведуваат почесто бидејќи не се толку сеопфатни како прашалникот од Pulser истражувањето, туку се фокусираат исклучиво на одредена тема, категорија, сегмент на задоволство или сектор на компанијата.
Зошто да спроведете PULS анкета?
Мерење на успехот на акционите планови
Систем за предупредување доколку има отстапувања во задоволството на вработените
Систем за предупредување доколку има отстапувања во задоволството на вработените
Својства на PULS анкетата
(повеќе од еднаш годишно, периодично - на пр. месечно или квартално)
Едноставно започнете го истражувањето
Внесете ги деталите за PULS анкетата (онлајн / во печатена форма / комбинирано) и креирајте прашања - покрај демографските прашања, секторите и локациите, анкетата може да има до 13 прашања кои можат да се изберат од прашалникот за истражување на Pulser или е можно да креирате ваши прашања со различни типови одговори (слободно внесување текст, избор на еден одговор од понудените, избор на неколку одговори од понудените)
По креирањето, истражувањето започнува со датумот поставен во пријавата. Според внесените детали во пријавата за истражувањето, на испитаниците им се испраќа известување за пополнување на анкетата, а по желба и потсетник.
Извештајот е достапен веднаш по завршувањето на истражувањето спроведено онлајн, а доколку се користат печатени прашалници, по приемот и внесувањето на пополнетите прашалници. Во извештаите детално се претставени одговорите на секое прашање и придружните коментари. Доколку анкетата е формирана со прашања од прашалникот за истражување Pulser, се дава и компаративен приказ на резултатите од тие прашања и ако е избрана цела категорија на задоволство, eNPS и/или ESI, даден е приказ на вкупната оценка на категоријата, eNPS и ESI, како и споредба со резултатите од претходно спроведеното истражување на Pulser. Извештаите може да се филтрираат по демографски прашања, сектори, локации и дополнителни прашања.