Извлечете максимум од Pulser извештаите!
По спроведеното истражување, ќе добиете структурирани информации од вработените кои помагаат во пронаоѓањето на одговори на клучните прашања кои придонесуваат за подобрување на управувањето со човечките ресурси, зголемување на ангажманот и целокупното задоволство на вработените. Користејќи ја платформата PULSER, ќе добиете увид во факторите кои влијаат на зголемувањето на ангажираноста, на нивото на перформанси и задржувањето на вработените.
Ќе го дознаете нивото на ангажираност на вашите вработени
Лесно ќе детектирате проблематична област, локации
Ќе ги откриете јаките страни на компанијата и нејзините вработени
Извештаите може да се генерираат со еден клик во PDF или Excel за детални статистички анализи на задоволството
Податоците добиени од истражувањето за искуството на вработените се претставени нумерички и текстуално во три верзии на извештајот
1. Основен извештај
Приказ на резултатите на компанијата по сите тврдења со можност за филтрирање според посакуваните критериуми (според дополнителни прашања, демографија, сектори и локации)
2. Компаративен извештај
Приказ на резултатите на компанијата од сите години на учество во истражувањето
3. Benchmark извештај – Дознајте како стоите во споредба со другите компании
Споредба на резултатите на компанијата во однос на сите компании кои учествуваат во истражувањето, топ 3 компании и компании по основна и специфична дејност