Истражување за задоволство на вработените
Патоказ кон одлично искуство на вработените.
Преку платформата Pulser, можете лесно, брзо и сигурно да го измерите нивото на задоволство на вработените, нивниот ангажман, eNPS, ESI и главните фактори за мотивација.Дознајте како стоите во споредба со другите компании во индустријата и најдобрите работодавачи во Македонија.
Со извештаите Pulser создадете идеална работна средина
Добијте структурирани информации од вработените кои помагаат да се најдат одговори на клучните прашања кои придонесуваат за подобрување на управувањето со човечките ресурси, зголемување на ангажманот и целокупното задоволство на вработените.
Основен извештај
Приказ на резултатите на компанијата по сите тврдења со можност за филтрирање според посакуваните критериуми
Компаративен извештај
Историски преглед кој ги прикажува резултатите од сите години на учество на компанијата
Benchmark
Приказ на резултатите на компанијата во однос на сите компании, топ 3 компаниите и компании по основна и специфична дејност
Создадете подобро искуство на вработените користејќи Pulser
Водечка платформа за мерење на задоволство на вработените
Поставете ги саканите параметри и дополнителни прашања со стандардниот сет од 74 тврдења. Прашалникот се пополнува лесно, онлајн или во печатена форма, со целосна анонимност на испитаниците. Автоматски генерирајте неограничен број извештаи користејќи различни филтри и извлечете го максимумот од извештаите на Pulser.
Освојте ја наградата Најдобар работодавач
Сите компании кои спроведуваат истражување и ги исполнуваат критериумите влегуваат во изборот за наградата Најдобар работодавач, што е еден од доказите за извонредност во управувањето со човечки ресурси и значаен бенефит за брендирање на работодавачот.
Почувствувајте го PULS-от на вашите вработени
Следете ги промените во реално време преку брзи PULS анкети кои на едноставен начин го откриваат моменталното задоволство на вработените преку 15 избрани прашања.
Employee engagement не се бенефициите или бонусите на вработените, туку чувството на припадност кон успешна компанија
Мотивацијата и ангажираноста на вработените треба да бидат високо на листата на приоритети на менаџментот. Истражувањето Pulser нуди увид во мотивацијата и ангажираноста, што е многу важна информација при креирање на стратешките цели на компанијата, се гради доверба и почит и тој однос мора да биде взаемен.
58%
Раст на приходите кај добитникот на наградата Најдобар работодавач
21%
Поголема профитабилност на компаниите со ангажирани вработени
4x
Повисок раст на приходите со изградена култура на компаниите
69%
Вработените би биле попосветени на работата ако се подобро ценети
71%
Менаџери тврдат дека ангажираноста на вработените е клучна за успех на компаниијата
2x
Поголема лојалност од клиентите имаат компаниите кои инвестираат во задоволството на вработените
Најдобрите македонски компании му веруваат на Pulser
Прочитајте што велат нашите клиенти за платформата Pulser
Блогови
Како да се подобри искуството на вработените? Дознајте новости и инспирирајте се!