
Услови за користење
Општи услови за користење
Истражување за задоволство на вработените
платформа Pulser.online
Вовед
Истражувањето за задоволството на вработените кое се спроведува преку платформата Pulser.online на веб страната https://pulser.mk/ е во сопственост на компанијата Вработување ОНЛИНЕ ДОО, Васил Ѓоргов 24/1-5, 1000 Скопје, Република Северна Македонија (во понатамошниот дел од текстот Vrabotuvanje.com).
Целта на истражувањето за задоволството на вработените е да им се обезбеди на компаниите учесници во истражувањето (во понатамошниот дел од текстот Учесници) алатка за проценка на задоволството на вработените и запознавање на јавноста со управувањето со човечките ресурси. Со помош на истражувањето воедно се утврдува кои се најдобрите компании за работа во Република Северна Македонија според искуствата и перцепцијата на вработените во самите компании.
Наградата „Најдобар работодавач“
Во истражувањето можат да учествуваат сите работодавци, независно од својата големина, но за наградата Најдобар работодавач можат да се квалификуваат само работодавци со повеќе од 20 вработени.
За наградата Најдобар работодавач не се квалификуваат работодавци кои ја спроведуваат бесплатната верзија на истражувањето.
Приватност
Учеството во истражувањето е доброволно. На компанијата учесник, Vrabotuvanje.com, со цел да овозможи извршување на услугата при процесот на истражување, ќе и даде оодредени информации за учесниците кои не се јавни т.е се доверливи и/или приватни.
Исто така, Vrabotuvanje.com, со цел да овозможи изршување на услугата за време на процесот на истражување, ќе обезбеди одредени материјали и информации кои се однесуваат на Vrabotuvanje.com, а кои не се јавни т.е се доверливи и/или приватни.
Под поимот 'Доверлива информација' се сметаат сите податоци, усмени и/или писмени (собрани преку кое било средство) кои во моментот на обезбедување на информациите биле дефинирани како такви и истите се наменети само за спроведување на процесот на истражување. Обврската за чување на Доверливи информации во овој член не се применува во случаи кога барањата за нивно давање произлегува од важечки регулативи на Република Северна Македонија или пак доаѓаат од овластени тела.
Vrabotuvanje.com го задржува правото за користење на Доверливи информации за целите на групна анализа на податоците, врз основа на кои ќе ги објави 3-те најдобро пласирани компании. Името и логото на Учесникот во случај тој да не биде еден од 3-те најдобри учесници нема да биде објавено. По исклучок, доколку не се спроведе релевантниот број на анкети (минимум 5), компанија со оцена поголема од 3,5 ќе добие Сертификат за извонредност.
Со оглед на Доверливите информации кои му се доделени, Vrabotuvanje.com се обврзува да го ограничи пристапот до Доверливи информации само на лица чии службени должности подразбираат собирање и анализирање на овие информации за горенаведената цел, без разлика дали лицата се вработени во Vrabotuvanje.com или се надворешни соработници на кои Vrabotuvanje.com може по потреба да им довери дел од работата.
Обврски на Учесниците
Учесникот се обврзува:
- да обезбеди релевантен примерок во однос на големината на компанијата и секторите во компанијата според условите наведени на веб страната www.pulser.mk во случај кога компанијата сака да учествува во натпреварот за наградата 'Најдобар работодавач'
- добиениот прашалник и доверливите информации да ги чува во рамките на компанијата (да не ги споделува доверливите информации со други правни лица)
- да им обезбеди еднаква можност за учество на сите вработени
- да ги информира вработените за која цел ќе се користат нивните email адреси во случај кога истражувањето се спроведува преку онлајн анкета
- да го проследи упатството до вработените кои ќе учествуваат во истражувањето, коешто претходно ќе го обезбеди и достави Vrabotuvanje.com, во случај на спроведување на истражувањето преку хартиени прашалници
- да ги внесе податоците за вработените на ниво на групата која учествува во истражувањето: стручна спрема, број на вработени и нивни email адреси; под број на вработени се смета бројот на вработени во моментот на започнување на истражувањето за задоволство на вработените, без оглед на последователните промени
- да ја подмири сметката за спроведување на истражувањето во законски рок
Учесникот исто така прифаќа:
Во истражувањето можат да учествуваат сите вработени со полно или скратено работно време кои биле вработени најмалку 3 месеци во компанијата, без оглед на видот на нивното вработување.
Vrabotuvanje.com советува вработените кои се на боледување или породилно отсуство повеќе од 3 месеци за време на спроведувањето на истражувањето да не учествуваат во истражувањето.
Обврски на Vrabotuvanje.com
Vrabotuvanje.com се обврзува:
- да го спроведе истражувањето во терминот кој е договорен со Учесникот
- да достави упатство до сите вработени доколку Учесникот обезбеди валидни email адреси од истите
- да ги прикаже резултатите од истражувањето на платформата Pulser.online по завршувањето на спроведеното истражување
- да објави листа на 3 најдобро пласирани Учесници, доколку се спроведе релевантен број на анкети (минимум 5).
- да им обезбеди на Учесниците компаративни резултати од истражувањето (група споредба со други компании учеснички) на крајот на циклусот за тековната година
- по завршувањето на истражувањето, т.е. по испорачувањето на услугата, Vrabotuvanje.com ќе достави фактура. Цената за истражувањето за задоволството на вработените се заснова на вкупниот број вработени во компанијата и вклучуваат опција за филтер, без оглед на видот на истражувањето. Цената е изразена со пресметка на веб страница: www.pulser.mk
- на редовните цени на Истражувањето, компаниите со пополнетост над 75% и компаниите кои го спроведоа Истражувањето минатата година имаат право на попуст од 10%, а компаниите кои се клиенти на порталот Vrabotuvanje.com имаат право на попуст согласно склучениот договор
- една година по спроведеното истражување, Vrabotuvanje.com трајни ќе ги избрише email адресите на вработените внесени во системот од страна на Учесниците, кои беа користени исклучиво за добивање на известувања и потсетници за спроведување на истражувањето преку онлајн прашалник
Неправилности
Во случај на утврдување неправилности во процесот на спроведување на истражувањето, Vrabotuvanje.com писмено ќе го извести Учесникот и резултатите од истражувањето нема да бидат земени предвид при процесот на утврдување на најдобро пласираните Учесници.
Повторување на истражувањето може да се направи само еднаш, и тоа по барање на Учесникот. За повторување на истражувањето, Учесникот ќе добие нова фактура по редовна цена, без можност за пресметување на попуст.
За сите спорови кои произлегуваат од овие услови и во врска со нив, како и за правните ефекти кои произлегуваат од нив, е надлежен Основниот суд во Скопје.
Vrabotuvanje.com е дел од ALMA CAREER групацијата: vrabotuvanje.com.mk / mojposao.net / poslovi.infostud.com / posao.ba /
profesia.sk / jobs.cz / monster.cz / monster.fi / cv.ee / cvonline.lt / cv.lv / workania.hu / monster.hu / monsterpolska.pl / duapune.com / jobtiger.bg / prekoveze.me / ejobs.ro /
Вработување ОНЛИНЕ ДОО, Васил Ѓоргов 24/1-5, 1000 Скопје, Република Македонија